Од Општина Гази Баба информираат дека денеска е објавен Јавен повик за доделување субвенции за набавка на велосипед за 2026 година.

Според повикот, општината ќе субвенционира 50 проценти од цената на велосипедот, но најмногу до 4.000 денари по лице.
Право на аплицирање имаат жители на Општина Гази Баба кои досега не користеле субвенција за велосипед од Општината, а повикот ќе трае од денот на објавувањето до 30 ноември 2026 година, односно до исцрпување на предвидените средства.
Апликациите се поднесуваат во архивата на општина Гази Баба.
Јавниот повик може да го најдете на следниов линк.




