дома Македонија Црна хроника Професор од скопско училиште за средно музичко образование барал да има секс...

Професор од скопско училиште за средно музичко образование барал да има секс со 18 годишна ученичка

Наставникот во периодот од 25 февруари до 2 март годинава вознемирувал 18 годишна ученичка и барал да имаат полови односи

Фото: Фејсбук профил на МВР

Професор од скопско средно музичко училиште е приведен поради вознемирување ученичка,од четврта година,  информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што се наведува, се работи за 52 годишен маж кој приведен вчера во 17:30 часот, откако претходно бил пријавен од другарките на ученичката. Директорот на музичкото училиште веднаш го суспендирал професорот.

„Професорот во периодот од 25 февруари до 2 март годинава вознемирувал 18 годишна ученичка и барал да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, информираат во МВР.

ПредходнаПендаровски за Призма : Ризично e Македонија слепо да ја следи американската политика
СледнаШесте цели на војната против Иран и дали се реални?