дома Македонија Политика Мицкоски кај Орбан кој е во предизборие на Унгарија, темите се економија

Мицкоски кај Орбан кој е во предизборие на Унгарија, темите се економија

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

  Унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања ќе бидат тема на разговор на денешната средба што во Будимпешта ќе ја има премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Мицкоски, кој денеска заедно со владина делегација престојува во политичко-економска посета на Унгарија, по средбата со Орбан ќе има обраќање на бизнис форумот во Будимпешта, насловен „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Северна Македонија“, каде ќе се воспостават нови контакти и ќе се разгледаат можностите за продлабочување на економската соработка меѓу унгарските и македонските компании.

Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, Даниела Димовска.

ПредходнаПочна снимањето на новиот филм на Небојша Јовановиќ „ И Божана сака чоколадо”
СледнаМајката на Ивана сведочеше пред судот: Ќерка ми со години живееше во страв и под постојана контрола