дома Македонија Политика Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

 

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека ги предал македонските национални интереси и ја турка земјата кон изолација.

Венко Филипче

 

Филипче оцени дека изјавите на Мицкоски за можноста Македонија да чека со децении за членство во Европската Унија се доказ за, како што рече, погрешна и штетна политика.

„Со Мицкоски и неговата организирана криминална група нема членство во ЕУ. Тоа значи децении сиромаштија, засилено иселување на младите и загубени генерации“, изјави Филипче.

Тој обвини дека власта работи во интерес на странски центри, наведувајќи дека, според него, државата се оттурнува од европскиот пат.

„Мицкоски ја турка земјата во изолација и работи за странски интереси – од српски, унгарски, па сè до руски“, рече Филипче, додавајќи дека власта создава услови за, како што наведе, криминал и корупција без контрола.

Во обраќањето, лидерот на СДСМ потенцираше дека членството во Европската Унија значи економски напредок, повисок животен стандард и пристап до значајни финансиски средства.

„Немаме децении за губење. Тоа се нашите животи и иднината на нашите деца. Македонија е создадена да оди напред, а не да чека и да тоне во неизвесност“, изјави тој.

Филипче најави дека СДСМ и коалициските партнери ќе се спротивстават на, како што рече, ваквите политики и ќе ја водат борбата за европска Македонија.

„Ќе ја вратиме државата на европскиот колосек. Како што ја внесовме во НАТО, така ќе ја внесеме и во Европската Унија“, порача Филипче.

ПредходнаМајката на Ивана сведочеше пред судот: Ќерка ми со години живееше во страв и под постојана контрола
СледнаСоветот на јавните обвинители ја одби иницијативата на обвинителката Ристоска за политички притисоци