дома Македонија Филипче: ВМРО – ДПМНЕ не сака да бидеме дел од ЕУ

Филипче: ВМРО – ДПМНЕ не сака да бидеме дел од ЕУ

Политиките на власта јасно укажуваат на тоа дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ не сака Македонија да биде членка на Европската Унија, оценуваат од СДСМ по денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека државата нема да се помести ни милиметар за уставните измени доколку нема предвидливост и ако треба ќе се чека со генерации.

– Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси. Денеска потврди дека не сака земјата да влезе во Европската Унија и дека ќе ја држи во изолација далеку од Европа, рече лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Ваквите политики, според Фиипче, значат дека нема да се спроведат потребните реформи и дека нема да има контрола на грабежот што власта го прави.

– Тоа значи дека нема никакви реформи, тоа значи дека нема никаква контрола од Европа и тоа според него ќе трае, ако треба и децении. Ова е потврда за сè тоа што го зборувавме изминатиот период. Тој сака да ги држи како заложници идните генерации, децата, сите граѓани. Зошто? За да без контрола, преку тендерите прават грабеж на народните пари, рече Филипче на брифинг со медиумите.


 

 

 

 

ПредходнаЈавниот обвинител работи под диктат на Мицкоски, вели Филипче
СледнаМицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, граѓаните да бидат спокојни, струјата нема да поскапи