Цената на лебот и пецивата нема да се менуваат до крајот на април, уверуваат од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.
На состанок одржан со Министерството за економија било договорено да се следат состојбите и доколку дојде до влошување на ситуацијата со цените на нафтата и нафтените енергенси, да изнајдат решенија со кои ќе се релативизира опасноста од зголемување на цените во оваа индустрија.
– Наедно, мелничко-пекарската индустрија апелира до сите медиуми и политички чинители во државата да не ја користат актуелната состојба во овој сектор во делот на цените на лебот и печивата со создавање паника и несигурност меѓу граѓаните, со што се предизвикуваат штети и за населението и за компаниите, стои во соопштението од Групацијата.




