дома Македонија Помалку приговори за Безбеден град, но зголемен број прекршоци во март

Помалку приговори за Безбеден град, но зголемен број прекршоци во март

Во март до Основниот кривичен суд се поднесени помалку приговори за сторени сообраќајни прекршоци евидентирани преку системот „Безбеден град“, но зголемен е бројот на сторени прекршоци.
        Од Кривичниот суд информираат дека во март биле поднесени 65 приговори од 22 правни и 43 физички лица за разлика од февруари кога до судот биле поднесени 476 приговори од кои 431 од правни лица и 45 од физички лица.
Од друга страна, се бележи зголемување на бројот на сторени прекршоци. Така, во март констатирани се 26.241 сообраќаен прекршок што е зголемување за 7.175 прекршоци во споредба со февруари.

ПредходнаВелигденски концерт на Македонската филхармонија
СледнаВработен во образовна институција осомничен за детска порнографија