дома Македонија Вработен во образовна институција осомничен за детска порнографија

Вработен во образовна институција осомничен за детска порнографија

Обвинителството денеска соопшти дека во случајот со детска порнографија поведена е истражна постапка против 31-годишен битолчанец кој работел во образовна институција.
Тој во периодот од април 2024 година до 1 април 2026 година на компјутерските уреди и опрема што ги користел дома, набавувал за себе и поседувал материјали со детска порнографија.
Постапката е резултат на предистражни дејствија на јавното обвинителство во координација со СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика Скопје кои произлегоа по известување од австралиската федерална полиција која пред извесен период спровела акција за откривање на веб страници одговорни за дистрибуција на слики и видеа кои содржат материјали од злоупотреба на деца.
– Австралиските служби спроведоа операција за откривање на корисниците на ИП адреси кои се обиделе да пристапат до една или повеќе од веб-страниците, при што биле идентификувани повеќе уникатни регистрирани корисници, нивните електронски и ІР адреси од кои дел во Р.С. Македонија, за што е испратено известување и до македонските истражни органи. Се преземаат дејствија на проверки и во Скопје и други градови, со цел детална проверка на сите добиени сознанија, информира Обвинителството.
За осомничениот битолчанец доставен е предлог за определување мерка притвор.

ПредходнаПомалку приговори за Безбеден град, но зголемен број прекршоци во март
СледнаСДСМ: Ленче Ристоска е тргната за да се стави обвинител под контрола на Мицкоски