Во март до Основниот кривичен суд се поднесени помалку приговори за сторени сообраќајни прекршоци евидентирани преку системот „Безбеден град“, но зголемен е бројот на сторени прекршоци.
Од Кривичниот суд информираат дека во март биле поднесени 65 приговори од 22 правни и 43 физички лица за разлика од февруари кога до судот биле поднесени 476 приговори од кои 431 од правни лица и 45 од физички лица.
Од друга страна, се бележи зголемување на бројот на сторени прекршоци. Така, во март констатирани се 26.241 сообраќаен прекршок што е зголемување за 7.175 прекршоци во споредба со февруари.




