дома Култура „Хаос“ утревечер премиерно на сцената на штипскиот Театар

„Хаос“ утревечер премиерно на сцената на штипскиот Театар

  „Хаос“ е новата премиера на штипскиот Театар. Претставата е работена по мотиви од текст на Мика Милиахо, а во режија на Александар Ивановски.

„Хаос“ утревечер премиерно на сцената на штипскиот ТеатарВо соопштението од Театар Штип се вели дека „Хаос” е современа драма, која преку силни ликови и напната атмосфера ја истражува човековата состојба, односите и границите на моралното и општествено прифатливото. Тоа е драма која преку интензивни дијалози и психолошка длабочина ги истражува кршливите човечки односи, моралните дилеми и притисокот на општествените норми. Во свет каде редот се распаѓа, ликовите се соочуваат со сопствените стравови и вистини.

-Три жени. Три животи. Еден момент кога се’ почнува да се распаѓа. Софија, Јулија и Еми се пријателки кои се обидуваат да останат силни во свет полн со притисок, очекувања, работа, љубов и стравови, но кога секојдневните проблеми почнуваат да излегуваат од контрола, нивните животи влегуваат во вистински хаос, се посочува во соопштението.

Во претставата играат: Ава Хусеини како Софија, Марија Минчева Андонов како Јулија и Кристина Атанасова Арсова како Еми- информираат од Театар Штип.

Вистински предизвик за актерките е тоа што, освен главните ликови, ги играат и сите останати ликови во претставата. Тоа значи дека публиката во оваа претстава ја очекува возбудливо патување низ цел спектар на емоции, состојби и трансформации, бидејќи „Хаос” е претстава за стресот, осаменоста, пријателството и борбата да се остане нормален кога се наоколу се руши, претстава за секој човек што некогаш почувствувал дека не може повеќе – а сепак продолжил понатаму. Премиерата е на 4 април, со почеток во 20:00 часот, на сцената на Театар Штип

ПредходнаСДСМ: Ленче Ристоска е тргната за да се стави обвинител под контрола на Мицкоски
СледнаГлавната уредничка била на боледување, кој дозволи „голема Албанија“ во етерот на МРТВ2