дома Локално Скопје утре со посебен режим на сообраќај, ќе се одржува трка во...

Скопје утре со посебен режим на сообраќај, ќе се одржува трка во планинско трчање „Водно-Матка Треилс“

 

Утре (05.04.2026), со почеток во 07:00 часот со затворање на сообраќајот во три временски интервали од по пет минути (од 07:00 до 07:05 часот, од 08:00 до 08:05 часот и од 09:00 до 09:05 часот), ќе се одржи трка во планинско трчање насловена „Водно-Матка Треилс 2026“, со стартно-целна позиција во комплексот „Македонско село“ и траса на движење по дел од јавниот пат од комплексот „Македонско село“ – село Горно Нерези (кај џамијата) по што трасата продолжува по планински патеки.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Исто така, во најава дека со почеток во 10:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка со траса на движење од булевар „Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж булевар „Илинден“ до крстосница со булевар „8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по булеварот „Илинден“ до целта фонтана Лотус.

Од тие причини, како што велат, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

 

ПредходнаОблачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
СледнаГерасимовски во посета на збратимената општина Стари Град, Белград, во фокус култура, спорт и образование