дома Македонија Економија Ќе останат ли парите од вториот пензиски столб на осигурениците или ќе...

Ќе останат ли парите од вториот пензиски столб на осигурениците или ќе бидат национализирани?

Ќе останат ли парите од вториот пензиски столб на осигурениците или ќе бидат национализирани? Сомневањата се подгреаја откако премиерот Христијан Мицкоски за поткастот Пари изјави дека идните пензионери во вториот столб може ќе бидат непријатно изненадеи и разочарани од сумите на нивните сметки, а продолжија со изјавата на гувернерот Трајко Славески дека оние кои ќе се пензионираат меѓу 2030 и 2032 година нема да обезбедат минимална пензија.

Денес, премиерот тврди дека нема да има национализација на средствата од вториот пензиски столб.

– Кој најавил дека ќе има укинување на вториот столб? Јас можам да зборувам од името на Владата. Таква најава од името на Владата нема, изјави денес Мицкоски.

Од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови со порака дека парите во вториот столб се личен имот на осигурениците загарантирани со закон и Устав. Не ја исклучуваат можноста за национализација, но велат тоа ќе зависи од притисокот на јавноста, посочувајќи дека ваков обид имало во Хрватска но е повлечен поради бурните реакции во јавноста.

Според анализите на Асоцијацијата, национализацијата нема да го реши проблемо. На краток рок за година ипол до ри би се поркила дупката во државниот буџет на ПИОМ но нема да го реши проблемот на долг рок.

ПредходнаИЈЗ: Летниот период носи ризик од заболувања, информирајте се за заразите во земјата во која патувате
СледнаМацут со Мицковски за подобрувањето енергетската поврзаност на Србија и Македонија