дома Македонија ИЈЗ: Летниот период носи ризик од заболувања, информирајте се за заразите во...

ИЈЗ: Летниот период носи ризик од заболувања, информирајте се за заразите во земјата во која патувате

Институтот за јавно здравје препорчува при патување во странство граѓаните да се информираат за заразните болести во земјата каде патуваат, како и задолжително да понесат лекови, прва помош и средства кои ги одбиваат комарците .

„Летниот период носи зголемен ризик од заболувања поради високите температури, инфекции кои се пренесуваат преку инсекти, како и повреди поврзани со активности во вода“, се наведува во препораките на ИЈЗ.

Институтот препорачува граѓаните да се информираат за присутните заразни болести во земјата каде патуваат, задолжително да понесат лекови, средства за прва помош, средства кои ги одбиваат комарците, како и да користат само уредни и означени капалишта каде квалитетот на водата е согласно здравствените стандарди.

„По враќање од патувањето, доколку во рок од три недели добиете покачена температура или други симптоми задолжително јавете се на лекар и информирајте го каде и кога сте патувале“, се додава во препораките.

 

ПредходнаМацут пристигна во Охрид, го пречека Муцунски
СледнаЌе останат ли парите од вториот пензиски столб на осигурениците или ќе бидат национализирани?