дома Македонија Околу 65 килохрами марихуана пронајдени кај Градско

Околу 65 килохрами марихуана пронајдени кај Градско

Околу 65 килограми марихуана се пронајдени во автомобил кај наплатната рампа Стоби во близина на Градско. Поведени е истражна постапка против две лица за недозволено прозводство и пуштање во промет наркотички дроги.

Првиот осомничен, 38-годишен скопјанец, со автомобил со скопски регистарски ознаки ја пренесувал дрогата спакувана во четири големи црни патни торби, а вториот, 55-годишен жител на Кавадарци, во улога на „чистач” имал задача да предупреди за евентуални контроли.

– На наплатната рампа полициски службеници забележале сомнително движење на автомобилот во кој била дрогата, а возачот на даден знак да застане за легитимирање, со голема брзина се дал во бегство кон Градско. Сепак, полицајците успеале да го стигнат и извршиле преглед на возилото каде ја пронашле марихуаната, информира Обвинителството.

За првоосомничениот се бара притвор.

ПредходнаМицкоски: Да се стрпиме неколку месеци за имиња, кадровски освежувања во Владата ќе има во мај или јуни
СледнаТетовскиот универзитет, повтороно се фати со политика