дома Локално Без струја поради зафати на мрежата корисниците на неколку улици во Илинден,...

Без струја поради зафати на мрежата корисниците на неколку улици во Илинден, Чучер Сандево, Бутел и Карпош

 Без електрична енергија во одредени периоди од денот поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска ќе бидат корисниците од неколку улици во општините Илинден, Чучер Сандево, Бутел и Карпош.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа во периодот од 08:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Кадино Село“ во Илинден.

Во периодот од 08:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачи на ул. „Призренска“ во Кучевишка Бара во општините Чучер Сандево и Бутел.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците на ул. „Џумајска“ во Карпош.

ПредходнаЈавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители
СледнаТешки времиња ја очекуваат Европската Унија поради отфрлањето на руската енергија