дома Македонија Црна хроника Падна пресудата за Лидија Димовап: Апелација ја укина затворската казна и го...

Падна пресудата за Лидија Димовап: Апелација ја укина затворската казна и го врати случајот на почеток

Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда со која поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, беше осудена на две години затвор. Предметот е вратен на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Одлуката доаѓа по јавната седница одржана на 11 март годинава, каде судот ги уважил жалбите и на одбраната и на обвинителството поради суштествени повреди на постапката.

„Во пресудата не било јасно утврдено за кои конкретни дејствија обвинетата е прогласена виновна, а за кои е ослободена, што претставува сериозен пропуст во постапката“, се наведува во образложението на Апелација.

Со овој пресврт, предметот со сите списи е вратен во Кривичниот суд на 30 март 2026 година, каде целиот процес ќе треба да започне од почеток.

ПредходнаОпсада во Грчец, Штип и Струмица: Специјалци на терен во масовна акција против нарко-подземјето
СледнаГерасимовски: Почна реконструкцијата на улица „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај