дома Македонија Обид да се запали верски објект на Еврејската заедница во Македонија

Обид да се запали верски објект на Еврејската заедница во Македонија

Еврејската заедница во Македонија информира дека имало обид да се запали нејзиниот објект и синагогата. Апелираат до надлежните органи целосно да го расветлат случајот и повикуваат на обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.

– На 12 април, првпат во поновата историја беше извршен обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата. Овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар вз темелните вредности на цивилизираното опоштество – соживотот, достоинството и заемната почит. Еврејската заедница како најмалубројна, но историски длабоко вкоренета заедница на овие простори уште од времето на Антиката отсекогаш го градела својот опстанок и придонес врз принципите на мир, солидарност и заедништво, вели претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека работат на расчистување на случајот.

 

ПредходнаОд вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
СледнаВИДЕО Две лица се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје