дома Македонија Општество Верските лидери го осудија инцидентот со објектот на Еврејската заедница и повикаа...

Верските лидери го осудија инцидентот со објектот на Еврејската заедница и повикаа на одговорност, разум и доблест и да се зачува соживотот

 Обидот на опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата „Бет Јаков“ претставува удар врз мирот, стабилноста и соживотот, кои со векови се негуваат на македонска почва и врз кои се темели нашето општество.

Верските лидери и КОВЗРГ го осудија инцидентот со објектот на Еврејската заедница и повикаа на одговорност, разум и доблест и да се зачува соживототСекое посегнување по туѓата светиња, без оглед на која верска заедница ѝ припаѓа, значи нарушување на основните вредности на почит, слобода и човечко достоинство. Непочитувањето на светињата на другиот е и непочитување на сопствената светиња – стои во реакцијата на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и на лидерите на петте верски заедници во државата, што денеска на прес-конференција ја прочита директорката на Комисијата, Оливера Трајковска.

Таа рече дека изразуваат осуда по повод немилиот настан што се случи во раните утрински часови на 12 април и изразуваат солидарност и поддршка кон Еврејската заедница.

– Затоа, во духот на заедништвото меѓу религиската соработка и заемното разбирање упатуваме повик до сите граѓани да покажеме одговорност, разум и доблест и да останеме чувари на соживотот. Заемната почит е меѓу најголемите вредности што ги поседуваме, па да ја чуваме и да ја оставиме како аманет за идните поколенија – додаде Трајковска.

На прес-конференцијата беа присутни поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан; скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов; поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема Шаќир Фетаху; претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви; и суперинтендантот на Евангелско-методистичката црква, пасторот Марјан Димов.

 

ПредходнаМицковски со прати абер..имам чувство дека функционери од претходната влада ќе бидат опфатени од прогони
СледнаСредба на европски градоначалници како претходница на СКОПЈЕ Европскиот град на културата