дома Локално Сончево и топло уште денес, од утре промена на времето

Сончево и топло уште денес, од утре промена на времето

Сончево и релативно топло ќе биде и денеска. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 17 до 24 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Веќе од утре до среда следува промена на времето со локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.

ПредходнаУапсени осум лица – Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на мобилара
СледнаИ повторно Марш на ангелите: Вистината мора да излезе на виделина и одговорност мора да има