дома ТОП ВЕСТИ Апсења на нови осомничени во докторската афера за нелегални ботокси и филери

Апсења на нови осомничени во докторската афера за нелегални ботокси и филери

Акцијата поврзана со нелегални ботокси и филери е проширена и се приведуваат нови осомничени, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Уште од синоќа, па се досега, траат претресите кај сите од криминалната група која илегално увезувала и дистрибуирала медицински помагала.

Првично беа уапсени повеќе од 10 осомничени. Дел се доктори на скопските клиники, дел сопственици на дерматолошки ординации, организатори на транспорт и продажба на илегално внесени ботокси и филери, а неофицијално, меѓу приведените има доктори од ГОБ „8 Септември“ и од Клиниката за дерматологија при Клинички центар „Мајка Тереза“.

„Акцијата е резултат на постоење на основи на сомневање за сторени кривични дела „Злосторничко здружување“, „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма„ и „Примање поткуп“. До овој момент се обезбедени повеќе лица, но поради обемот и сериозноста на случајот, акцијата се проширува со нови претреси и приведување на други инволвирани лица“, информираат од ОЈО ГОКК.

Според информациите од МВР, по наредби од Основниот кривичен суд се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, во Струмица и во Битола.

Досега се одземени поголемо количество на медицински лекови и медицински помагала, едно луксузно возило, пари, парфеми, телефони. Спроред првичните информации, филерите немале одобрение, ниту упатство и налепници, а се увезени од Кина, од Србија и од Турција.

Докторска афера за нелегален ботокс и филери по дерматолошки ординации. Повеќе уапсени во акција на МВР

ПредходнаЕкс-градоначалникот Коневски е инвеститор на зградата каде што утрово загина работник
СледнаОдложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката Пулс