дома Локално Топло до утре, од вторник повторно дожд

Топло до утре, од вторник повторно дожд

Сончево и ветровито време ќе преовладува денеска на вториот ден од викендов. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната од 19 до 28 степени.

Во Скопје, максималната температура ќе се искачи до 26-тиот степен.

Топлото и сончево време ќе се задржи и утре, освен во крајните југозападни делови каде во попладневните часови ќе има услови за повремен слаб дожд и грмежи, а веќе од вторник до крајот на работната недела повторно ќе биде облачно со повремен дожд.

Во понеделник и вторник ќе дува слаб ветер од јужен правец, а од среда ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

ПредходнаДојавата за бомба во „Сити мол“ е лажна, потврди МВР
СледнаМеморијална дуатлон трка во Скопје, затворени улици во Аеродром