дома Македонија Дојавата за бомба во „Сити мол“ е лажна, потврди МВР

Дојавата за бомба во „Сити мол“ е лажна, потврди МВР

Лажна е дојавата за поставена бомба во трговскиот центар „Сити мол“, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека по преземените мерки утврдено е дека се работи за лажна дојава.

– Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби, наведува МВР.

Трговскиот центар беше евакуиран откако на електронска адреса на МВР пристигнала дојава за поставена експлозивна направа.

ПредходнаЕвакуиран Сити Мол по дојава за поставена бомба
СледнаТопло до утре, од вторник повторно дожд