дома Македонија Евакуиран Сити Мол по дојава за поставена бомба

Евакуиран Сити Мол по дојава за поставена бомба

Дојава за поставена бомба вечерва ги вознемири посетителите на трговскиот центар „Сити мол“. Трговскиот центар е евакуиран откако на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е пристигната дојава за поставена експлозивна направа.

– Денеска (25.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „city mall“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри, информира МВР.
Во тек е проверка од страна на полициски службеници кои се на терен.

ПредходнаГаши поборник за отворени листи
СледнаДојавата за бомба во „Сити мол“ е лажна, потврди МВР