дома Македонија Културните работници ќе протестираат пред Уставниот суд

Културните работници ќе протестираат пред Уставниот суд

Синдикатот на културата денеска ќе одржи протест пред Уставниот суд поради одлуката на судот да покрене постапка за оценување на уставноста на колективниот договор за културата.

Според синдикатот, со ова директно се загрозуваат веќе стекнатите права на културните работници утврдени во колективниот договор.

– Загрозени се основните работнички права. Не станува збор само за платите коишто втора година по ред ни ги кратат, туку се доведуваат во прашање нашите изборени права, посочија од синдикатот на последниот протест пред Министерството за култура.

Според министерот за култура, протестот е политички, а синдикатот на културата е под силно политичко влијание.

 

 

ПредходнаТопло и денеска, од попладне наместа дожд
СледнаПретпладне сончево, попладне дожд и грмежи