дома Локално Топло и денеска, од попладне наместа дожд

Топло и денеска, од попладне наместа дожд

Сончевото и топло време ќе се задржи и денеска претпладне, а веќе од попладне се очекува повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 20 до 25 степени.

Во Скопје, ќе биде топло и ветровито со утринска температура до 7 сетепени и дневна до 25 степени.

До крајот на неделата ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Веќе утре ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постуден воздух од север на планините ќе има услови за снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во значително опаѓање. Во петок и во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време, а утринската температура наместа ќе се спушти под нула степени.

ПредходнаСе скарале во угостителски објект па се степале и повредиле
СледнаКултурните работници ќе протестираат пред Уставниот суд