дома Македонија Економија До 31 мај треба да се потврдат годишните даночни пријави

До 31 мај треба да се потврдат годишните даночни пријави

До 31 мај граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност или друг вид на доход треба да ги проверат и потврдат годишните даночни пријави што им се испратени од страна на Управата за јавни приходи.
Увидот може да го направат преку сопствените кориснички профили на системот системот „е-Даночни услуги“ https://e-ujp.ujp.gov.mk.
         Од УЈП информираат дека испратени се вкупно 862.896 даночни пријави.
– Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП. Согласно законските одредби, секое физичко лице кое во текот на 2025 година остварило доход има обврска да ја провери и потврди годишната даночна пријава доколку податоците се точни и е опфатен целиот остварен доход за претходната година, да ја дополни со доходот кој не е опфатен или да ја коригира доколку утврди дека некој од износите не е точен, појаснуваат од УЈП.
По истекот на законскиот рок за потврдување на годишните даночни пријави, пријавите кои не се потврдени/коригирани ќе се сметаат за конечни, а оние даночни пријави коишто се корегирани од страна на физичките лица, треба да се одобрат од страна на службено лице од Управа за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2025 година.

ПредходнаСтудија: Европа нема доволно електрична енергија за центри за податоци
СледнаВо четврток прскање против комарци во Скопје