Три лица од Гевгелија и Струмица заработија кривична пријава за набавка и продажба на кокаин.
Осомничени се две лица од гевгелиско со иницијали И.Ѓ. (26) од село Ново Конско и П.Ч (33) од Гевгелија, како и едно лице од Струмица со иницијали В.С. (51).
Пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и, по претходен договор со П.Ч., го ангажирал со неговото возило да го пренесе до третопријавениот В.С.. Откако кокаинот бил доставен до В.С., тој го закопал во земја на местото викано „Топо” во атарот на селото Босилово.
Од МВР информираат дека дрогата е пронајдена и одземена.




