дома Македонија ВЛЕН со барање општините да имаат поголема автономија

ВЛЕН со барање општините да имаат поголема автономија

Коалицијата Влен која викендов прерасна во политичка партија бара поголема самостојност на општините што според нив подразбира фискална самостојност, поголем простор за прекугранична соработка и посилна улога на локалната власт во основното и средното образование.

ВЛЕН– ВЛЕН се залага општините да имаат јасни надлежности, средства и право самостојно да одлучуваат за своите развојни приоритети. Тоа подразбира фискална децентрализација, локален економски развој и прекугранична соработка со општините од регионот. Стратешкиот проект Тетово–Призрен е конкретен пример за оваа визија, бидејќи ја зајакнува инфраструктурната, економската и развојната поврзаност меѓу граѓаните од двете страни на границата, велат од ВЛЕН.

ВЛЕН, велат од партијата, се залага за нова фаза на децентрализација, каде што локалната власт ќе биде носител на развојот.

ПредходнаГерманија одби 35.000 мигранти за една година
СледнаЛица од Гевгелија и Струмица организирале набавка и продажба на кокаин