дома Македонија Лица од Гевгелија и Струмица организирале набавка и продажба на кокаин

Лица од Гевгелија и Струмица организирале набавка и продажба на кокаин

Три лица од Гевгелија и Струмица заработија кривична пријава за набавка и продажба на кокаин.

Осомничени се две лица од гевгелиско со иницијали И.Ѓ. (26) од село Ново Конско и П.Ч (33) од Гевгелија, како и едно лице од Струмица со иницијали В.С. (51).

Пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и, по претходен договор со П.Ч., го ангажирал со неговото возило да го пренесе до третопријавениот В.С.. Откако кокаинот бил доставен до В.С., тој го закопал во земја на местото викано „Топо” во атарот на селото Босилово.

Од МВР информираат дека дрогата е пронајдена и одземена.

 

ПредходнаВЛЕН со барање општините да имаат поголема автономија
СледнаУапсено лице со лична карта од Србија кое планирало убиство по налог на криминална група