Уапсен е српски државјанин во Скопје кој, како што пишуваат српските медиуми, планирал да изврши тешки кривични дела, најверојатно убиство во име на криминална група на која припаѓал. Станува збор за 42-годишниот С.М.
Лицето имало туѓа лична карта издадена во Србија и се претпоставува дека по илегален пат преминал на територија на Северна Македонија.
При претресот на неговиот стан и други простории во Скопје каде престојувал, пронајдена е личната карта, црна тактична униформа, војнички нож, помала количина на марихуана, пиштол марка Ц3 и муниција.
Лицето е уапсено во заедничка акција на српското Министерство за внатрешни работи и Министерството за внатрешни работи на Македонија.




