дома Локално АХВ ќе утврдува дали заловеното животно е волк или куче

АХВ ќе утврдува дали заловеното животно е волк или куче

Се уште е нејасно какво животно е заловено во скопската населба Козле. Во текот на денот од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе биде спроведен вонреден инспекциски надзор во Зоолошката градина каде е згрижено животното со цел да се утврди неговиот вид и здравствен статус.
        По социјалните мрежи беа споделени информации дека е заловен волк, а слична објава на Фејсбук имаше и градоначалникот на Скопје.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантираа наводите објавени во некои интернет портали дека се работи за куче кое е чипирано и кое сопственикот барал да му биде вратено.
– Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со вчера вечер заловеното животно во скопската населба Козле, за кое се претпоставуваше дека е волк, односно дека истото е домашен миленик – куче, кое е чипирано и кое сопственикот бара да му биде вратено. Од страна на официјални ветеринари на АХВ во текот на денот ќе биде спроведен вонреден инспекциски надзор во зоолошката градина со цел утврдување на видот на заловеното животно и неговиот здравствен статус, стои во соопштението од АХВ.

ПредходнаМицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција
Следна„Едно патување, еден билет“: ЕК предлага поедноставување на патувањето