Облачно, дождливо и постудено време не очекува денес. Синоптичарите најавуваат услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливото време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.




