Во центарот на Скопје денес напладне повторно ќе биде отворена народната канцеларија на претседателот.
Од Кабинетот на претседателката информираат дека обновувањето на практиката на отворени канцеларии на претседателот е во согласност со определбите и ветувањата содржани во програмата на претседателката Сиљановска-Давкова, со цел директен контакт со граѓаните, како и поднесување на претставки, граѓански иницијативи, петиции и предлози од нивна страна.
Народната канцеларија на претседателот на улицата Димитрије Чуповски во центарот на Скопје беше отворена за првпат во април 2010 година од страна на тогашниот претседател Ѓорге Иванов.




