дома Локално Облачно со пороен дожд попладне

Облачно со пороен дожд попладне

Денес не очекува променливо време со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, а дневните од 19 до 24 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во следните денови ќе се задржи слично време, а во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ПредходнаМинистерството за здравство демантира дека има недостиг на терапија на Клиниката за хематологија
СледнаТрамп ги донесе газдите на најмоќните американски компании во Кина. Кои се тие?