Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска го најави Фронтот за вистина и правда, посочувајќи дека во него се вклучуваат различни општествени групи и политички субјекти, обединети околу вредностите за Европска Македонија.
На прес-конференција Филипче рече дека процесот на објавување на учесниците ќе се одвива постепено и во фази.
– Кој сè е дел од тој фронт, ќе објавуваме во фази, постепено. Јас во име на фронтот ќе ги презентирам идеите и принципите, како и главните програмски столбови, посочи Филипче.

Додаде дека дел од учесниците засега нема да се објавуваат за да се избегнат притисоци и да се поштедат луѓето од, како што рече, црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ.
Фронтот за вистина и правда ќе се заснова на четири столба –
нулта толеранција за корупција и европска правда, иднина за младите, достоинствен живот за сите, подобар животен стандард и силно земјоделство.




