Трговскиот центар „Ист гејт“ бил евакуиран. Посетителите биле замолени мирно да го напуштат објектот.
Причината е вклучен противпожарен аларм кај еден од закупците, а според безбедносните протоколи сите посетители биле евакуирани.

Откако било утврдено дека станува збор за лажен аларм за пожар, трговскиот центар продолжил со работа.




