Калифорниската фабрика за сладолед „Штраус Фемили“ доброволно иницираше повлекување на одредени вкусови на сладолед поради ризикот од метал во овие производи, објавија денес американските медиуми, повикувајќи се на соопштение од Американската администрација за храна и лекови (ФДА).

„Калифорниската компанија „Штраус Фемили Кримери“ повлекува повеќе органски производи од сладолед во различни пакувања поради можното присуство на метални фрагменти“, соопшти ФДА во известување објавено во петок, објави NBC News.
Потрошувачите се повикуваат да не го консумираат повлечениот сладолед и да го фрлат.




