дома Локално Панел-дискусија за регионален систем за управување со отпад во Скопје

Панел-дискусија за регионален систем за управување со отпад во Скопје

  Македонската асоцијација за управување со отпад (MASWA) денека со почеток во 12 часот во хотел „Мериот“ во Скопје ќе одржи панел-дискусија на тема „Воспоставување на регионален систем за управување со отпад како основа за циркуларна економија“.

Панел-дискусија за регионален систем за управување со отпад во СкопјеВо рамки на агендата е  предвидена  презентација на студија на случај од Хрватска, по што ќе следи панел-дискусија со учество на експерти и претставници од институциите, академската заедница и бизнис секторот.

Настанот има за цел да отвори дискусија за развојот на регионален систем за управување со отпад, размена на искуства и добри практики, како и да ги истакне придобивките од циркуларната економија за економскиот развој, заштитата на животната средина и општеството.

ПредходнаКина купува 200 авиони „Боинг“, ставајќи крај на десетгодишната блокада
СледнаЕУ постигна договор за укинување на царините за индустриски стоки од САД