дома Локално Променливо облачно со северен ветер

Променливо облачно со северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Слаб локален дожд се очекува само во крајните западни и источни региони. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната од 19 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h).

ПредходнаСП: Оливер Спасовски за скандалот со наводен шпион во претседателскиот кабинет: Сериозни прашања за безбедносниот кредибилитет на државата
СледнаСвечено врачување на наградата „Роман на годината“