дома Македонија СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавува кривична за Гаши

СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавува кривична за Гаши

СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање и буџет на која треба да се расправа за заемот од 260 милиони евра. Најавува и кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието Африм Гаши.                  Кривичната пријава и интерпелацијата, како што изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, е поради континуираното кршење на Деловникот и злоупотреба на функцијата.

– Ова е скандал кој не е нов и кој претседателот на Собранието веќе континуирано го спроведува, а тоа е дека, кршејќи го Деловникот, закажува состанок на Комисијата за финансирање и буџет, комисија што ја води нашата пратеничка Сања Лукаревска, и покрај тоа што таа е тука и не е отсутна, а Деловникот тоа не го дозволува. Кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник да ја води оваа комисија, рече Филипче.

Ваквото однесување на собранискиот спикер, според СДСМ, станува пракса и претставува директно прекршување на собраниските процедури и правила.

Ваквиот чекор на СДСМ следува откако вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателот на Собранието да ги искористи можностите што му ги нуди Деловникот за да закаже седница на Комисијата за финансирање и буџет на која треба да се расправа за заемот од 260 милиони евра.                                                     Во Собранието во тек е седницата на Комисијата за финансирање со која претседава Бојан Стојановски од ВМРО- ДПМНЕ.

ПредходнаФилипче до Мицкоски: Ајде заедно да ги направиме уставните измени, да ја споделиме одговорноста
СледнаКривична пријава против градоначалникот на Општина Врапчиште поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овласувања