дома Локално По врнежливиот викенд, сончево и топло

По врнежливиот викенд, сончево и топло

По врнежливиот викенд денеска се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Наместа ќе дува повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје, денес не се очекуваат дождови. Ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во текот на новата работна недела ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови повторно се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток.

ПредходнаИран „во принцип“ се согласи да го отвори Ормутскиот теснец, вели американски официјален претставник
СледнаРусија го напаѓа Киев со „Орешник“, „Циркон“ и „Кама“