дома Свет Русија го напаѓа Киев со „Орешник“, „Циркон“ и „Кама“

Русија го напаѓа Киев со „Орешник“, „Циркон“ и „Кама“

Руското Министерство за одбрана објави масовен напад врз Украина и потврди дека се употребени ракетите „Кинжал“, „Циркон“ и „Орешник“.

Руската војска објави дека во недела навечер е извршен масовен напад врз Украина со балистички, хиперсонични и крстосувачки ракети.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека масовниот напад е извршен како одговор на нападите на Киев врз цивилни цели во Русија.

„Како одговор на терористичките напади на Украина врз цивилни цели во Русија, руските вооружени сили започнаа масовен напад со балистички ракети „Орешник“, аеробалистички ракети „Искандер“, хиперсонични аеробалистички ракети „Кинжал“, крстосувачки ракети „Циркон“, крстосувачки ракети од воздух, море и копно, како и ударни беспилотни летала, врз воени командни и контролни објекти, воздухопловни бази и претпријатија од одбранбената индустрија во Украина“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

„Целите на ударот беа постигнати, сите назначени цели беа погодени“, соопшти министерството, цитирајќи го Интерфакс.

Две лица загинаа, а уште 77 беа повредени , објави Би-Би-Си.

ПредходнаПо врнежливиот викенд, сончево и топло
СледнаСАД и Индија се на добар пат да го финализираат долгоочекуваниот трговски договор