Деновиве беа соборени повеќе од 300 температурни рекорди за месец мај во Франција, а највисока температура е забележана вчера во Сор-Осегор, каде што се измерени 36,9 степени Целзиусови, што е изедначување на рекордот од 1996 година, јавува BFM TV.

Меѓу најизразените случаи е Роморантен во департманот Лоара и Шер, каде што се измерени 33,8 степени, што претставува највисока мајска температура во последните 105 години мерења.
Во Кап де ла Ју е забележан рекорд од 32,4 степени во 135-годишната историја на мерења, додека во неколку градови на југозапад и запад од Франција температурите надминаа 35 степени.




