дома Македонија Филипче: ВМРО-ДПМНЕ на власт дојде со лажна кампања, македонскиот јазик е признат

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ на власт дојде со лажна кампања, македонскиот јазик е признат

На власт дојдоа со лажна кампања, добро смислена, не тука туку во соседна земја, во Србија, контролирана од Унгарија, ги излажаа граѓаните, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за „Слободен печат“.

Вели дека кога и да се одржат изборите и кога ќе ја формираат новата влада, ќе го елиминираат системот со кој ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дојдоа на власт.

Прашан кога ќе има избори, Филипче со став дека тоа ќе се случи кога ќе почне да снемува пари за партиските тендери, а како што посочува, се помалку има пари бидејќи „душмански ја задолжуваат државата“.

За уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот, Филипче вели дека Мицкоски го излажал народот бидејќи пред изборите во 2024 година бил свесен дека не може да се смени Преговарачката рамка. Останува на ставот дека нема никаков ризик од уставните измени и дека македонскиот јазик и идентитет е признати.

– Ние се обидовме со нашиот преговарачки тим да издејствуваме уставните измени да се со одложено дејство, но од Европа кажаа „не може“. Значи, не од Бугарија, туку од Европа со која преговараме. Не преговараме со Бугарија. Од уставните измени немаме никаков ризик. Со нив ништо не може да се случи. Напротив паѓа во вода повеќедецениската политика, поткрепувана со разни декларации во Бугарското собрание, при што тие на времето дури не го признавале македонскиот народ. А успехот на Преговарачката рамка усвоена од сите земји членки на Европската Унија, вклучувајќи ја и Бугарија, е дека тие го признаваат македонскиот народ и македонскиот јазик, нешто што во минатото, пред повеќе децении, било незамисливо. Тоа е успехот на нашата дипломатија, кој оваа пропаганда (на власта, н.з.) го претвори во предавство, нагласува лидерот на СДСМ.

Во однос на барањето на македонската Влада за признавање на македонското малцинство во Бугарија, Филипче смета дека „ќе бидеме во многу посилна преговарачка позиција, ако сме во ЕУ“.

– Сега не можеме тоа да го добиеме, се обидоа. Ние уште во 2024 година кажавме, сè што ќе направите, а ќе биде подобрување на преговарачката позиција, ние го поддржуваме. Ама укажавме дека не можат да направат ништо затоа што ние сè се обидовме. Тоа е суштината. Ако не може да се бориме за Македонците што живеат таму, сега од оваа позиција, зарем треба да останеме вака? Зарем не треба да се бориме да одиме напред, да ни напредува државата, да станеме земја членка на Европската Унија, па потоа рамноправни со сите други земји членки да се бориме за сите наши народи, делови од народи што живеат по државите по белиот свет, вели Филипче.

Тој ја обвини власта дека не сака во Европа, туку, како што рече, сакаат да грабаат народни пари без контрола. А тоа, според лидерот на опозициската СДСМ, се случува на секое ниво.

 

ПредходнаДвајца косовски државјани криумчареле мигранти, заработија 30-дневен притвор
СледнаЗа 2 години, 99% oд ĸoмпaниитe oчeĸyвaaт oтпyштaњa нa пepcoнaлoт пopaди вeштaчĸaтa интeлигeнциja