Каде е Лукровски одговараше денеска премиерот Мицковски на новинарски прашања поврзани со континуираното отсуство и боледувањето на градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски.

Иако лекарската комисија примила документација и оценила дека градоначалникот требало да се врати на своите работни обврски уште на 30 мај, тој сè уште не е на работното место. Ова отвори сомнежи во јавноста за можна злоупотреба на правото на боледување.
На прашањето дали ваквото отсуство претставува злоупотреба и како го коментира политичкиот контекст – дека граѓаните на Карпош на избори гласале за Лукровски да ја раководи општината, а не нејзиното водење да биде препуштено на член од Советот – премиерот одби директно да ги коментира медицинските наоди.
Тој за разлика од полседниот паат кога го прашуваа каде е неговиот градоначалник велеше дека политичките глодари се ситат на неговата здравствена состојба, овојпат помек.
„Јас како што знам Сотир Лукровски е градоначалник на Карпош, здравствената состојба е таква каква што е и бара мирување и се надевам дека се ќе биде во ред и да се врати на редовно завршување на работите“, одговори премиерот.
Според Законот за локална самоуправа, граѓаните на непосредни избори го избираат градоначалникот како извршен орган кој ја менаџира општината. Кога градоначалникот е подолготрајно спречен да ги извршува своите функции (на пример, поради болест), неговите должности привремено ги презема заменик градоначалникот. Овојпат тоа е советникот од ВМРО ДПНЕ Неделчо Крстевски, кој беше човек во сенка на Коце Трајановски, а секако му беше и во сенка на претходниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски. ВАжи за послушен извршител на партијата, а на последната промоција на базенот во општина Карпош премиерот Мицковски го ослови со градоначалник наместо со в.д или заменик.




