дома Локално Охрид домаќин на „Денот на спортот“ и проектот „Zero Waste“ во рамки...

Охрид домаќин на „Денот на спортот“ и проектот „Zero Waste“ во рамки на Плазма Спортските игри за млади

  Охрид денеска ќе биде домаќин на „Денот на спортот“ и спортско-едукативниот проект „Zero Waste“ во рамки на Плазма Спортските игри за млади, кои годинава за првпат се одржуваат во Македонија.

Охрид домаќин на „Денот на спортот“ и проектот „Zero Waste“ во рамки на Плазма Спортските игри за младиНастанот ќе се одржи на Кеј Македонија со почеток во 10 часот, а на свеченото отворање предвидено е обраќање на претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалникот на Охрид, Дејан Пецаковски и директорката на мрежа експозитури на Шпаркасе Банка во Охрид, Билјана Вранишкоска.

Како што стои во соопштението на организаторите, на „Денот на спортот“ ќе присуствуваат и повеќе познати спортисти од Охрид, меѓу кои поранешниот фудбалер Драган Бочески, боксерот и македонски репрезентативец Наум Стојаноски и капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, кој со својот тим сезонава го освои ЕХФ Европскиот куп.

Охрид е третиот град во кој ќе се реализира проектот „Zero Waste – Бидете дел од играта – Да ја заштитиме нашата планета“, по претходните изданија во Прилеп и Битола. Проектот е создаден во соработка со компанијата „Coca-Cola“ и има за цел преку спорт и интерактивни активности да ги едуцира децата и младите за одржлив развој и заштита на животната средина.

– Во рамки на програмата ќе се организира едукативен квиз за прашања поврзани со одржливиот развој, како и практични активности за селектирање отпад преку спортски полигон. За најуспешните учесници се предвидени награди. Младите учесници ќе имаат можност да се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини, меѓу кои Coca-Cola Cup за генерација 2011, фудбал за генерација 2015, ракомет, баскет 3х3, одбојка и народна игра – стои во соопштението.

Организаторите ги повикуваат децата, родителите, наставниците и граѓаните да бидат дел од спортскиот настан. По Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп и Битола, Охрид е десеттиот град домаќин на Плазма Спортските игри за млади во Македонија.

ПредходнаИран: Нападнавме израелска воздухопловна база, ова беше предупредување
СледнаЧoвeĸoт штo гo cпacи нajвaжниoт бизниc нa Macĸ oд бaнĸpoт… и ceгa имa пpaвo дa зapaбoти 90 милиjapди дoлapи