дома Свет Зеленски: Роман Абрамович посредува меѓу Украина и Русија

Зеленски: Роман Абрамович посредува меѓу Украина и Русија

   Рускиот милијардер и поранешен сопственик на лондонскиот фудбалски клуб Челзи, Роман Абрамович, дејствуваше како посредник меѓу Киев и Москва во плановите за мировни преговори, потврди украинскиот претседател во понеделник.

Володимир Зеленски рече дека поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Челзи се сретнал со него во Киев со порака од Русија и му понудил одговорот директно да му го пренесе на Владимир Путин.

„Му реков дека нема да заминеме и нема да ја напуштиме нашата територија. Нема да ви ја дадеме победата на таков начин“, рече Зеленски во интервју за Скај њуз, осврнувајќи се на Донбас.

Тој додаде дека му рекол на Абрамович да му каже на рускиот претседател дека е подготвен да се сретне „во секое време и на која било локација освен во Русија или Белорусија“, или билатерално или со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери.

Тој не кажа кога се одржала средбата, но „Фајненшл тајмс“ објави дека двајцата се сретнале кон крајот на мај оваа година.

Абрамович беше санкциониран од Обединетото Кралство кратко време по руската инвазија на Украина во 2022 година поради неговите врски со Путин. Тој претходно беше вклучен во преговорите со Москва и наводно одигра улога во организирањето на размена на затвореници во 2022 година, со која беа ослободени пет Британци заробени додека се бореа за Украина.

Зеленски и британскиот крал Чарлс се сретнаа во понеделник попладне на приватна аудиенција во замокот Виндзор.

Во неделата, Зеленски се сретна со британскиот премиер Кир Стармер, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Во заедничка изјава, четворицата го повикаа Путин да се согласи на „итно и целосно прекинување на огнот“ и ја осудија Русија за масовните напади со беспилотни летала и ракети врз украинските градови.

ПредходнаДо четврток топло, од петок поладно и со дожд
СледнаБанда во Нигерија ги поканува селаните на мировен состанок, а потоа ги киднапира. Бара откуп