Движењето „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти води на парламентарните избори во Косово со 42,3 проценти, по пребројување на 54,9 проценти од гласовите, според делумните официјални резултати на Косовската изборна комисија.
Според првичните проценки, Самоопределување, и покрај високите стапки на апстиненција на изборите, постигна убедлива победа, но според излезните анкети, овој резултат е значително помал од оној постигнат на последните избори, кога освои 51 процент.
Според анкетите објавени од трите главни медиуми во земјата, Самоопределување нема да може самостојно да ја формира следната влада,анализира агенцијата Франс Прес.
Трети предвремени избори за една година
Денешните предвремени парламентарни избори се трети за нешто повеќе од една година, откако партиите не успеаја да постигнат договор за избор на нов претседател.
Политичката и институционалната криза во Косово се продлабочи по парламентарните избори во февруари минатата година, кога, и покрај убедливата победа на Самоопределување, следеа бројни неуспешни обиди за конституирање на парламент и формирање влада.
Според државната изборна комисија, на изборите во недела учествувале 21 политичка партија или сојуз.




