дома Македонија Скопјанец оштетил 11 гробни места во Бутел

Скопјанец оштетил 11 гробни места во Бутел

Скопјанец е приведен затоа што на петокот попладне оштетил 11 гробни места во Бутел и побегнал. Случајот во полиција го пријавил вработен во Градските гробишта Бутел кој го забележал.
Полицијата потврди дека се работи за 24-годишниот К.К. од Скопје кој со метален предмет оштетил гробни места.
Приведен е вчера во 17:50 часот на подрачјето на Шуто Оризари.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПредходнаШто се случува со МојДДВ, трет ден не може да се скенираат фискални сметки
СледнаСиљановска-Давкова: Ако не решиме да раскрстиме со партизацијата и политизацијата ќе се вртиме само во круг