дома Македонија Економија Поскапи горива од полноќ

Поскапи горива од полноќ

Нови повисоки цени на горивата од полноќ. Бензините поскапуваат од денар ипол до два денари, а дизелот за половина денар.
Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 поскапува за денар ипол и ќе се продава по цена од 87, 5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 поскапува за два денара и ќе се продава по цена од 90 денари за литар.

Новата цена на дизелот ќе биде поскапа за половина денар, односно тој ќе се продава по цена од 87,5 денари за литар.
РКЕ одлучи за 2,5 денари да ја намали цената на Екстра лесното масло за домаќинство, како и малопродажната цена на Мазутот кој од полноќ ќе се продава по цена од 46,223 денари за килограм.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека очекува значително поевтинување на бензините од следната недела.
– Следната недела очекувам значајно намалување бидејќи од денеска цените на берзите за нафтата и нафтените деривати драматично паднаа. Ги следев патувајќи кон Битола, се движат некаде околу 82,83 долари за барел, така што следната недела очекувам поголемо и позначително намалување, изјави Мицкоски.

ПредходнаБи се задржал на содржината, вели Мицкоски за реконструкцијата
СледнаЕУ обезбедува сајбер поддршка за Украина против големи напади